Аукционер плати милиони за дрес на Кралот Џејмс, но Летечкиот Мајкл е недостижен

Дресот на НБА ѕвездата Леброн Џејмс, со кој ја освои титулата во 2013 година со Мајами хит, синоќа беше продаден за 3.7 милиони долари на аукција одржана во Њујорк.

Ова е третиот најскап дрес што бил продаден на аукција организирана од „Сотбис“.

Џејмс со овој дрес настапи во седмиот натпревар од големото НБА финале против Сан Антонио спарс во 2013 година и постигна 37 поени и имаше 12 скока.

Најскапо продаден дрес на аукција на „Сотбис“ е дресот на Мајкл Џордан со кој играше во финалето во 1998 година против Јута, кој достигна цена од 10.91 милиони долари.

Веднаш зад него е дресот што го носеше Диего Марадона на Светското првенство во 1986 година, кој беше продаден за 9.28 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести