АВ Охрид се повлекува од првата кошаркарска лига

АВ Охрид само на една недела пред стартот на новата сезона го откажа своето учество во првата кошаркарска лига. Клубот веќе ја информирал Федерацијата за својата одлука, која делува шокантно ако се знае дека тимот ќе имаше добар состав, кој ќе се бореше за висок пласман.

Сопственикот на клубот, Милчо Донески, е во САД и преку луѓе од клубот им ја кажал лошата вест на играчите и сега тие се слободни да си ја бараат среќата на друго место. Тимот на тренерот Марјан Илиевски во првото коло требаше да игра против амбициозниот Кожув.

Охриѓани летово се засилија со Марјан Младеновиќ, Игор Пенов, Александар Штерјов, Адем Мекиќ и Војче Лефкоски, како и странците Игор Мијајловиќ, Данило Мијатовиќ и Маркус Џексон. Клубот беше финансиран од приватни пари и згаснува слично како и Блокотехна, која имаше приватен сопственик, а не општина или некоја фабрика.

Првата лига веројатно ќе продолжи со 10 тима, но не е исклучено некој друг да биде уфрлен во последен момент.

- Оглас -

Најнови вести