Австралија не спиеше за своите јунаци, огнено во четири часот наутро го прославија мундијалското осминафинале (Видео)

Австралијците повторно излегоа на улиците во сите градови за да го поздрават успехот на своите Сокероси, кои ја победија Данска со 1:0 и се пласираа во осминафиналето на Мундијалот во Катар.

Претходно тоа го сторија и по триумфот против Тунис со идентичен резултат, а сега огнено во четири часот наутро славеа нова голема победа и прекрасен успех.

Со голот на Метју Леки, Австралија ја победи Данска и како второпласирана селекција ја чека разврската во Ц групата, каде што вечерва од 20 часот се играат последните два натпревари.

Австралијците ќе играат во осминафиналето со победникот од таа група.

- Оглас -

Најнови вести