Австралија рано ќе биде станата на нозе, Опера Хаус во Сиднеј обоена во жолто и зелено (Фото)

Невидена фудбалска еуфорија владее во Австралија, а во чест на фудбалската репрезентација на оваа земја, и познатата „Опера Хаус“ во Сиднеј беше осветлена во боите на дресот на австралиската селекција.

Популарните Сокероси од земјата на Кенгурите, од 20 часот ќе водат битка со Аргентина во осминафиналето на Светското првенство во Катар. На стадионот ќе доминираат Аргентинците, но цела Австралија ќе биде пред телевизор и ќе го следи настанот.

Во најголемите градови, Мелбурн и Сиднеј, средбата почнува во 6 часот наутро, но тоа нема да биде пречка за масовни групни собири на кои ќе се гледа мечот. Во некои делови на Австралија часовникот ќе покажува 3 часот наутро, па за нив нема спиење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести