Азар го одигра своето во Реал

Шпанските медиуми му ја завршија кариерата на Еден Азар во Реал Мадрид по вчерашната елиминација во полуфиналето во Лигата на шампионите. Белгиецот имаше најмногу истрчани километри од редовите на Реал, меѓутоа во секој друг аспект потполно потфрли, па на крајот го навлече гневот од навивачите со своето однесување по натпреварот.

Наводно, Азар е еден од тројцата отпадници во Реал кои летово ќе си бараат нова средина, другите двајца се Иско и Марсело, кои подолго време се на излезна врата, но никако да си заминат од „Сантијаго Бернабеу“.

„Азар ни се смееше во лице. Две години го тестираше трпението на навивачите на Реал. Ништо не направи за клубот откако дојде. Доби прилика од Зидан во најважниот натпревар во сезоната и сосема потфрли. Тој не заслужува веќе ни минута во белиот дрес“, ја отвори својата емисија водителот на „Ел Чирингито“, Хосеп Педрерол.

https://twitter.com/elchiringuitotv/status/1390251833311043584

Огромната сума од над 100 милиони евра Азар никако не ја оправда бидејќи поголем дел од времето го мина повреден, додека вчера беше бледа сенка против својот некогашен клуб.

- Оглас -

Најнови вести