Азар на денешен ден го даде првиот и засега последен гол за Реал (Видео)

На 5 октомври 2019 година Еден Азар го разби малерот, му требаа 114 дена за да го постигне својот прв гол во дресот на Реал Мадрид. Човекот кој беше донесен во Кралскиот клуб како некој што може да придонесе многу во нападот со голови и асистенции, засега не ги оправда вложувањата во него. Се шпекулира дека Реал за Азар во јуни 2019 година платил дури 160 милиони евра, иако тоа е неофицијално, но сигурно е дека сумата е над 100 милиони.

За некој толку скап, еден гол годишно е премалку. Азар може делумно да се оправда со бројните повреди, глава не може да крене од повредите, игра ретко, но и кога играше, обично не блескаше. Откако дојде во Реал, Азар само на четири меча ги одигра сите 90 минути.

Овој убав гол е срамно одбележување на годишница на Белгиецот без постигнат гол на клупска сцена:

- Оглас -

Најнови вести