Азар навива за играч на Ливерпул да ја освои Златната топка

Се ближи денот за доделување на најпрестижната индивидуална награда, Златна топка. Вториот ден од декември е резервиран за церемонијата на која ќе се одреди најдобриот фудбалер за 2019 година, а во конкуренција се неколку играчи кои зад себе оставија голема трага во изминатава година, што на клупски, што на репрезентативен план.

Фаворити за освојување на наградата која ја доделува „Франс фудбал“ се Лионел Меси, Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо меѓу 30-те кандидати во потесниот круг. За тоа кој најмногу ја заслужува, постои голема дебата, а според ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар. Златната топка треба да заврши во рацете на еден од фудбалерите на европскиот првак.

„Јас би ја доделил на играч на Ливерпул. Мане, Салах или Вирџил, еден од нив дефинитивно ја заслужува. Доколку Мане го освоеше Африканскиот куп со Сенегал, ќе немаше дилеми, со два големи трофеи би бил фаворит за оваа награда. Мо ми е пријател, би било убаво да го видам со Златната топка во неговите раце“, истакна Азар.

Доделувањето на Златната топка ќе се одржи на 2 декември во Париз.

- Оглас -

Најнови вести