Еден Азар не е дебел, белиот дрес му додава килограми

Најчестата критика на адреса на Еден Азар по слабите игри во Реал Мадрид е дека има вишок килограми, но во Белгија не мислат дека нивниот најдобар фудбалер е дебел. Еден од тренерите во репрезентацијата на Белгија смета дека Азар не е дебел и не мора да ослабе, туку белиот дрес на Реал прави визуелна измама.

„Азар воопшто не е дебел. Го познавам долги години, секогаш бил ваков. Проблемот е во бојата на дресот. Белото секогаш додава килограми. Создадена е погрешна слика“, изјавил тренерот.

Оригиналното оправдување дека облекувањето во бела боја го прави подебел за многумина е смешно и ако Азар не почне да покажува игри како во Челзи, притисокот врз него ќе се зголеми уште повеќе, па Белгијците ќе мора да смислат нешто друго.

- Оглас -

Најнови вести