Азар оди под нож

Ѕвездата на Реал Мадрид која уште чека да блесне, Еден Азар, во четврток ќе отпатува за Далас, каде што ќе му биде извршена операција на десниот глужд. Белгиецот се здоби со фрактура на ногата во поразот на Реал од Леванте минатата недела само по неколку дена откако се врати од тримесечна пауза.

Оваа повреда е слична на претходната, дури и полоша, па затоа мора да се направи хируршка корекција за целосно да се отстрани проблемот. Во зависност од рехабилитацијата, ќе се потврди дали Азар ќе се појави на терените до крајот на оваа сезона или ќе биде ослободен од обврски дури до стартот на Европското првенство.

- Оглас -

Најнови вести