Азар: Во мислите само трофејот од Лигата на Европа

Подготвувајќи се со репрезентацијата на Белгија во пресрет на квалификацискиот циклус за ЕП 2020, Еден Азар проговори за неговиот план во блиска иднина. Тој не сакаше да зборува што би можело да се случи по крајот на сезоната, туку неговиот фокус е да оствари успех со Челзи.

„Не размислувам што може да се случи налето, сега сум фокусиран на Белгија, а во следните два месеци само на Челзи. Сакам на добар начин да ја завршиме сезоната, да ја освоиме Лигата на Европа, тоа го сакаат сите во овој клуб, како и навивачите. Или тоа, или да се обидеме да завршиме во топ 4 во Премиер лигата“, истакна ѕвездата на „сините“.

Сагата околу преселбата на Азар во редовите на Реал Мадрид повторно е топ тема и на Островот и во Шпанија, особено откако се врати Зинедин Зидан на клупата на „кралевите“. Наводно, изминативе денови била доставена и првата понуда во Лондон, сумата изнесувала 82 милиони евра, а од таборот на Челзи без размислување одбиле. Сепак, јасно е дека наддавањето допрва започнува.

Белгија за два дена во Брисел ќе ја пречека репрезентацијата на Русија на стартот од евроквалификациите, а потоа на 24 март гостува во Кипар.

- Оглас -

Најнови вести