Баба од Челзи е нов соиграч на Трајковски во Мајорка

Екипата на Мајорка доби нов играч во бековската линија. Абдул Рахман Баба го продолжи договорот со Челзи и веднаш беше даден на позајмица во шпанскиот тим. Баба има одиграно вкупно 23 меча за Челзи, но цела ланска сезона ја помина на позајмица. Прво беше во Шалке, а потоа и во Ремс во Франција.

Актуелниот договор со лондонскиот тим му е до 2022 година, но сега негова цел ќе биде да ѝ помогне на Мајорка во Примера дивисион.

Во Мајорка летово трансфер направи и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, кој во првите две кола во шампионатот влезе како резерва во второто полувреме.

 

- Оглас -

Најнови вести