Баерн бара тренер кој знае германски, а Алегри оди на часови по англиски јазик

Актуелниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг речиси сигурно ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, но за негово официјално ангажирање Баварците ќе мора да почекаат до јули. Ова го најавуваат некои германски медиуми, кои најавуваат дека е можно  привремениот тренер Ханс Дитер Флик да остане в.д. тренер до крајот на сезонава, а потоа да се донесе Тен Хаг.

На листата на желби кај Баерн има многу врвни тренери, но новиот предводник на стручниот штаб треба да исполнува и еден лингвистички услов – да го зборува германскиот јазик. Овој услов го исполнуваше и Арсен Венгер, но тој си најде работа во ФИФА, па сега остануваат Томас Тухел од ПСЖ и Тен Хаг од Ајакс.

Како сериозен кандидат се спомнуваше и Масимилијано Алегри, но Италијанецот кој ги водеше Милан и Јувентус, има поинакви планови, тој почна да оди на часови по англиски јазик. Ова се толкува како прв чекор кон негово преземање на некој премиерлигаш од типот на Арсенал. Алегри најави дека од следната сезона повторно ќе седне на тренерското столче и потврди дека во Милано оди на часови по англиски јазик.

- Оглас -

Најнови вести