Баерн без Рибери против АЕК во Атина

Германскиот првак Баерн Минхен конечно излезе од кризата, откако со 3:1 се израдува на триумф на гостувањето кај Волфсбург во Бундес лигата. Баварците сега се фокусираат на Лигата на шампиони и гостувањето во Атина кај АЕК. Грчкиот тим е аутсајдер во групата и досега нема освоено ниту еден бод.

Баерн мора да брка победа на ова гостување, ако сака да биде посигурен во следните мечеви во борба за едно од првите две места во групата. Германскиот гигант имаат проблеми околу составот. Денеска и дефинитивно се знае дека тие ќе бидат без искусниот Франк Рибери. Поради повреда, францускиот интернационалец не отпатува со тимот кон Атина. Позитивна вест за гостите е што во екипата сепак се враќа Давид Алаба кој го санираше проблемот со повредата на мускулот на ногата.

Дуелот меѓу АЕК и Баерн се игра утре во 18:55 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести