Баерн го претстави своето најскапо засилување во историјата на клубот

Лукас Ернандес беше претставен во Минхен како нов играч на Баерн, а тој во германскиот првак ќе го носи дресот со бројот 21. Лукас досега настапуваше за Атлетико Мадрид, член е на репрезентацијата на светскиот првак Франција, и затоа Баерн за него плати 80 милиони евра, со што го направи најскап играч во богатата клупска историја.

Лукас има 23 години, потпиша петгодишен договор, а вели дека Баерн е еден од најголемите клубови на светот.

„Баерн секоја сезона се бори за титулите во првенството и купот на Германија, редовно учествува во Лигата шампионите. Сите во Европа знаат дека Баерн е еден од најголемите клубови на светот“ – изјави Лукас.

 

- Оглас -

Најнови вести