Баерн и Барса веднаш ќе сакаат да покажат „мускули“

Денизлиспор – Галатасарај (19.30 часот)

Овој меч од првото коло на турското првенство е свовиден шампионски дуел бидејќи играат првакот на втората лига и шампионот на Турција од минатата сезона. Денизли е опасен домаќин, но не е исто да се игра во втора и во прва лига. Сепак, мотивацијата, која ќе им биде на највисоко ниво, и поддршката од публиката може да им помогнат и да се извлечат како непоразени во дуелот со славниот гостин. Традицијата е апсолутно на страната на Галата, кој од 2003 не загубил од Денизли, а нивниот последен дуел беше во 2010 година.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): Х2 & ГГ (2.15)

 

Баерн Минхен – Херта (20.30 часот)

Баварската машина минатата сезона ја почна неубедливо, но со одличен финиш дојде до титула, па сега Баерн нема да сака да дозволи ривалите да побегнат рано. По поразот од Борусија во Суперкупот, во Баерн се свесни дека нема да им биде лесно, па мора да покажат „мускули“ и да демонстрираат моќ уште на стартот. Херта им е идеален ривал бидејќи тимот од Берлин повеќе од 20 години не победил во Минхен, а шест години нема ни дадено гол на гостување кај Баерн.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1-1 & 3+ (2.20)

 

Атлетик Билбао – Барселона (21.00 часот)

И без повреденот Лионел Меси, Барса има индивидуален квалитет да го победи Билбао. Атлетик на последните пет дуели против Барселона има дадено само еден гол. Каталонците имаат дури 15 победи на последните 19 гостувања на „Сан Мамеш“. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели на овие екипи завршија нерешено, едниот 0-0, другиот 1-1, но вечерва би требало да паднат повеќе голови.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 2 & 2-4 (2.55)

 

Лион – Анже (20.45 часот)

Лион на отворањето на сезоната рутински го победи Монако со 3-0, но и Анже тргна со освојување на три бода откако дома го надигра Бордо со 3-1. Во минатата сезона, Лион дома загуби само трипати и важи за фаворит. Претходниот меѓусебен дуел го доби Лион со 2-1, а ГГ & 3+ е виден на четири од претходните пет пресметки.

Предлог тип: 3+ (1.60)

 

Клуб Бриж – Ојпен (20.30 часот)

„Црно им се пишува“ на гостите на овој меч. Безгрешниот Бриж е во добра форма, по три кола има максимални 9 бода, со 11 дадени и еден примен гол, а Ојпен има еден бод и негативна гол-разлика 3-11. На хартија, гостите немаат никаква шанса за подвиг, нема да биде изненадување ако паднат четири или повеќе голови.

Предлог тип: 1 & 4+ (1.78)

- Оглас -

Најнови вести