Баерн и без кормилар ќе го победи Олимпијакос, Реал и ПСЖ се „сигурици“ на денот

Баерн Минхен – Олимпијакос (18:55, четврто коло, ЛШ)

Замина Нико Ковач, а управата на Баерн бурно трага по нов тренер. Вечерва германскиот првак ќе нема кормилар, но тоа не треба да претставува проблем во обидот да се осигури пласман во нокаут-фазата. Баварците имаат три победи на исто толку меча и ја предводат групата Б со пет бода повеќе од второпласираниот Тотенхем.

На „Алијанц арената“ гостува Олимпијакос. Грчкиот состав во претходното коло виде дека Баерн има слабости и преку нив успеа на двапати да ја затресе мрежата на Нојер. Досега ги загубија сите три дуели против германскиот првак, а многу веројатно вечерва ќе го претрпат и четвртиот.

Во тие три меча Баерн редовно постигнуваше барем по три гола, а знаејќи во каква форма е Левандовски, не би требало да недостасуваат подогоци.

Предлог тип: 1 & 3-5 (1.90)

 

Реал Мадрид – Галатасарај (21 ч, четврто коло, ЛШ)

Со голот на Тони Крос, Кралевите го совладаа Галатасарај среде Истанбул во претходното коло, па сега избраниците на Зинедин Зидан имаат добра прилика да остварат двојна победа над турскиот шампион. Двете екипи негуваат убава традиција на меѓународната сцена и често приредувале супер пресметки зачинети со голеади. Сепак, Реал не е во толку добра форма за да слави убедливо, за да се случи такво нешто, потребна е вонсериска партија на лидерите на екипата.

Реал одржува учинок од четири последователни победи против Галатасарај, а од вкупно 8 средби во ЛШ, добија дури 7 од нив, а Галата славеше во 2013 година со 3-2. Најтрофејниот клуб во ова натпреварување вечера мора да победи бидејќи ПСЖ веќе е на пет бода пред нив во групата А.

Предлог тип: 1 & 2-3 (2.88)

 

ПСЖ – Клуб Бриж (21 ч, четврто коло, ЛШ)

Уште една победа е потребна за францускиот првак и со 12 бода да го обезбеди местото меѓу 16-те екипи во нокаут-фазата веќе по четири натпревари. За остварување на таа цел, ПСЖ пред своите навивачи дочекува понеквалитетен противник од него, но тоа не му гарантира резултат во негова полза. Бриж против Реал Мадрид покажа колку може да биде опасен, особено кога во нападот го имаат расположениот Денис, кој правеше чуда на „Бернабеу“.

Во Бриж Светците беа немилосрдни и петпати ја затресоа мрежата на домаќините, во хет-трик шоуто на Мбапе, кој и вечерва ќе биде најопасниот играч за белгискиот претставник. Во одлична форма е и Икарди, а Ди Марија е асот на Тухел поради кој останатите играат на високо ниво, така што нема да биде изненадување ПСЖ да го повтори резултатот од пред две недели.

Предлог тип: 1 двојна (2.0)

 

Аталанта – Манчестер сити (21 ч, четврто коло, ЛШ)

Манчестер сити во прилично лесната група засега ја оправдува фаворитската улога и има три победи на исто толку меча. Составот на Пеп Гвардиола вечерва гостува на „Сан Сиро“, каде што Аталанта ги игра домашните натпревари од континенталниот клупски собир, а задача на Граѓаните ќе биде да се слави и во Милано, за што побрзо да го осигурат местото во осминафиналето.

Во претходниот меч Аталанта настрада на „Етихад“, незапирливите Стерлинг и Агуеро спремија пет комади во нивната мрежа. Англискиот првак е во одлична форма од пет победи во низа во сите натпреварувања, во кои постигна 15 гола, а прими само три, додека Аталанта има проблеми по поразот од Калјари на домашен терен во минатото коло од Серија А.

Предлог тип: ГГ4+ (1.97)

 

Црвена ѕвезда – Тотенхем (21 ч, четврто коло, ЛШ)

Тотенхем го декласираше српскиот шампион со 5-0 среде Лондон, a вечерва тимот на Маурисио Покетино планира да го добие и вториот меѓусебен дуел со Ѕвезда. Само што за двоен успех Петлите ќе треба доста да се потрудат бидејќи на „Рајко Митиќ“, или популарната „Маракана“, паднале многу европски гиганти.

Интересно е што овој меч според датумот, се погоди да се игра на ист ден кога Црвено-белите го совладаа Ливерпул пред една година. Како да се повторува истото сценарио, Ѕвезда пред реваншот со Црвените убедливо загуби во Англија, а потоа направи сезнација во Белград пред 50.000 фанови. Европскиот вицепрвак треба да покаже дека може да игра пред пеколна атмосфера, сигурно им е јасно дека ќе треба доста да се испотат за остварат посакуван резултат.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.70)

- Оглас -

Најнови вести