Баерн и Борусија немаа милост кон ривалите – дадоа вкупно 10 гола

Баерн во Минхен прими гол и губеше со 0:1 до 45 минута против Вердер, а на крајот победи убедливо со 6:1. Баварскиот гигант уште на полувремето стигна до предност од 2:1, благодарение на головите на Кутињо и Левандовски. Тому овие двајца играчи продолжија во ист ритам и во вториот дел, па Кутињо на крајот заврши со хет-трик, а Левандовски со два погодоци. Еден гол даде и Томас Милер.

Борусија Дортмунд победи со 4:0 на гости кај Мајнц. Фаворитот дури во второто полувреме го сруши бедемот на домаќините, кога погоди Ројс. Интересна беше ситуацијата во која еден домашен бек со двете раце ја одбрани топката во шеснаесетникот, а судијата иако гледаше повторена снимка на ВАР системот, не досуди пенал.

И покрај таа спорна ситуација, Борусија до крајот даде уште три гола и стигна до сигурен триумф.

Во останатите мечеви кои денеска се играа: Келн – Баер Леверкузен 2:0, Херта – Фрајбург 1:0, Падерборн – Унион Берлин 1:1.

- Оглас -

Најнови вести