Баерн игра викторија против чешката Викторија од П’лзењ, рекордот во ЛШ нема кај да бега (Видео)

Германскиот гигант Баерн Минхен одигра вистинска викторија пред голот на Викторија П’лзењ и води со 3:0 по првото полувреме, а може да има најмалку и двојна предност според шансите.

Баварците дадоа 3 гола, а стрелци беа Лерој Сане во седмата, Серж Гнабри во 13-тата и Садио Мане во 21-вата минута.

Последниот гол во првото полувреме и прв за Мане во ЛШ во дресот на Баерн можете да го погледнете ОВДЕ.

Потоа и Мусијала погоди, но четвртиот гол на Баерн беше поништен, па по првото полувреме е 3:0 во Минхен.

Баерн е пред сигурна победа со која ќе го мине актуелниот европски првак Реал Мадрид со 31 меч по ред без пораз во фаза по групи во Лигата на шампионите.

Моментно двете екипи се израмнети со по 30 натпревари без неуспех во ЛШ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести