Баерн има нов херој – тинејџер од 18 години за четири дена донесе две победи

Баерн Минхен се намачи, но на крајот стигна до трите бода во дуелот против Волфсбург. Германскиот првак победи со 2:0, а погодоците беа постигнати во последните пет минути. Освен трите бода, Баерн очигледно дека добива и нова ѕвезда.

Џошуа Цирке е 18-годишен тинејџер кој блеснува во дресот на најтрофејниот германски клуб. Талентираниот играч влезе во игра во 83 минута, а само две минути подоцна погоди за водство на Баерн од 1:0. Потоа, победата ја потврди Гнабри.

Ова сценарио е речиси слично на тоа од пред три дена. Тогаш Баерн гостуваше кај Фрајбург и до 90 минута резултатот беше 1:1. Тогаш во игра влезе Цирке, а во 92 минута погоди за водство на баварците од 2:1. До крајот на средбата, победата и тогаш ја потврди Гнабри.

Цирке е фудбалер кој е дел од репрезентацијата на Холандија за играчи со 19 години, а во Баерн е дојден во 2017 година. Сезонава прв пат заигра за Б тимот на Баерн, а сега два пати доби шанса во првиот тим на гигантот од Минхен и се покажа како херој.

Освен дуелот во Минхен, попладнево играа: Келн – Вердер 1:0, Мајнц – Баер Леверкузен 0:1, Лајпциг – Аугзбург 3:1, Шалке – Фрајбург 2:2.

 

 

- Оглас -

Најнови вести