Баерн има ново големо засилување го плати 55 милиони евра

Баерн продолжува да биде еден од најактивните клубови на летниот пазар, а според германскиот „Спокс“, баварските гиганти веќе се согласиле за уште еден голем трансфер ова лето. Во новата сезона дресот на најтрофејниот германски клуб ќе го носи и 23-годишниот германски репрезентативец Натаниел Браун.

Во минатата сезона Браул играше за тимот на Ајнтрахт Франкфурт, а со добрите настапи се наметна кај неколку големи екипи. Баерн реши да ја активира неговоата откупна клаузула и за 55 милиони евра да го доведе во Минхен. За Браун се интересираа и англискиот шампион Арсенал и освојувачот на Светското клупско првенство Челзи, но и двата понуди беа веднаш одбиени.

Со Браун, тренерот на Баерн, Винсент Компани, го добива сеопфатното засилување што го сакаше на бековската позиција. Браун, првично играше како лев бек, но може да игра и на десната страна од одбраната. Во Франкфурт минатата сезона дури повремено играше и како крилен напаѓач.

- Оглас -

Најнови вести