Баерн жестоко ќе ги казни играчите кои нема да возат „ауди“

Најтрофејниот германски фудбалски клуб Баерн Минхен најави дека ќе ги казнува своите фудбалери кои нема да го почитуваат договорот на клубот со производителот на автомобили „Ауди“. Баерн од 2006 година наваму зема големи пари од „Ауди“, но играчите на баварскиот гигант си возат коли од други компании.

„Ауди“ има 8 проценти од сопственичката структура во Баерн и затоа фудбалерите се должни да ги возат колите кои ги добија од овој спонзор, но некои од нив не го прават тоа.

Левандовски се вози во „бентли“, Суле во „ферари“, а Боатенг уживаше во својот „мерцедес“, кој неодамна го искрши, иако не смееше да го вози бидејќи требаше да биде во самоизолација, па се оправдуваше дека одел да си ги види децата. По овој инцидент, спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, одлучи да ги казни фудбалерите што нема да го возат „аудито“ кое го добија од клубот. Ако некој играч биде фатен со друго возило, ќе биде казнет со 50.000 евра.

Договори со „Ауди“ имаат и Барселона и Реал Мадрид, но нивните фудбалери и тренери се придржуваат на упатствата и ги возат колите добиени од спонзорот на клубот.

- Оглас -

Најнови вести