Баерн Минхен доведе играч од Реал Мадрид!

Германскиот шампион Баерн Минхен потврди дека нивен нов играч е Алваро Одриосола, кој доаѓа од Реал Мадрид. Десниот бек кој сезонава не се наигра за Кралскиот клуб и настапи само на четири меча, ги помина лекарските прегледи и ќе игра како позајмен играч до крајот на сезоната.

„По разговорот со останатиот дел од раководството на клубот, решивме да го испониме барањето на тренерот Ханс Флик и да ја засилиме одбраната. Затоа и го доведовме Одриосола. Му благодариме на Реал Мадрид за соработката“, рече првиот човек на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге.

Одриосола потекнува од школата на Реал Сосиедад, а во Реал дојде во 2018 година.

 

- Оглас -

Најнови вести