Баерн се стреми кон перфекција, Флик не е задоволен што примиле гол од Лацио

Тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик, не беше задоволен од тоа што неговиот тим примил гол на реванш дуелот против Лацио во Лигата на шампионите. Флик не сакаше да си посака со кој ривал би се сретнале во четвртфиналето. Баерн веројатно против секого ќе важи за фаворит на хартија.

„За мене беше важно да победиме. Лацио се бранеше добро, но не сум задоволен што дозволивме да примиме гол. Нападот ни е силен, играме со ризик во офанзивата и сакам да продолжиме така. Напаѓачите се првиот бедем од кој почнува одбраната. Не сакам да си избирам противник за четвртфиналето, зашто ако кажам дека не сакам некој тим, ќе ни се падне токму тој“ – изјави Флик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести