Баерн се уплаши од тим кој може да испадне од Втора лига

Баерн Минхен вечерва гостува кај Бохум, во меч од 1/16-финалето во Купот на Германија. Разликата во класи е очигледна ако се знае дека Баерн е тимот кој речиси една деценија доминира во Бундеслигата, а Бохум се бори да се спаси од испаѓање во Втората Бундеслига.

Во последните 12 меча меѓу овие два тима, Баерн има 10 победи и две нерешени, што е само уште една потврда дека гостите се апсолутни фаворити. Сепак, искусниот офанзивен играч на Баерн, Томас Милер, вели дека мора да бидат претпазливи.

„Треба многу да внимаваме бидејќи во Купот често знаат да се случуваат изненадувања. Бохум нема што да загуби и ќе игра без притисок. Тоа е една опасна ситуација и затоа секој од нас треба да биде сконцентриран и максимално мотивиран“, рече Милер, кој не добива многу шанса за настап во првенството.

На 12 од последните 13 меча на овие два тима имало најмалку по три гола, што е најава за голеада. Ако се гледа традицијата, овој меч е подарок за сигурна победа на гостите барем со три гола. Коефициентите за сите средби во Купот на Германија може да ги најдете на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести