Бах не се дава – Не споредувајте одложување на Олимписки игри со викенд фудбалски меч

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах повторно е против идејата за одложување на Летните олимписки игри во Токио, што треба да се одржат од 24. јули до 9. август годинава.

Во интервју за германски медиум, Бах направи интересна споредба и вели дека не може така лесно да се одложат Олимписки игри, како да е тоа аботен ноќен натпревар.

„Ќе уништиме сон на 11 илјади спортисти од 206 земји ако ја одложиме Олимпјадата во Токио. Тоа би било најнефер решение. Немојте да споредувате одложување на масивен проект како што се Летни олимписки игри со фудбалски натпревар што на пример треба да се игра во сабота навечер. Не е исто“, изјави Бах.

Сепак расте и притисокот за одложување на Игрите во Јапонија, а веќе реагираа неколку Олимписки комитетите, меѓу кои се Словенија и Норвешка, ќе се приклучи и Хрватска, а ЗА се и амерканската пливачка и атлетска федерација.

- Оглас -

Најнови вести