Бајка над бајките – Лојалниот и осамен навивач на Санта Круз стана претседател на клубот со историско учество во бразилскиот куп

Тијаго Реч е вистински пример за лојалност и безгранична љубов кон својот омилен клуб Санта Круз-РС и го мина патот од осамен навивач на членот на бразилската Ц лига до историски пат како претседател на клубот во Националниот куп на најтрофејната фудбалска нација.

Со Реч на кормилото, Санта Круз за првпат го мина првото коло во Националниот куп на најтрофејната фудбалска земја на светот.

Реч во 2012 година беше единствениот гостински навивач на „Олимпико Монументал“ и го бодреше својот омилен клуб Санта Круз против познатиот Гремио во поразот од 4:1.

Фотографијата на осамениот фудбалски Мохиканец на гостинската трибина во Порто Алегре пред 8 години го обиколи светот, а сè потоа е една прекрасна фудбалска бајка.

Реч стана претседател на својот сакан клуб и Санта Круз стана шампион на Рио Гранде купот и се избори за историско учество во бразилскиот национален куп.

Во првиот меч го елиминираа Операрио, а потоа на пенали загубија од Атлетико Гојанензе.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести