Бајката на 15-годишното девојче на Вимблдон уште трае

Кори Гоф продолжува да испишува историја на Вимблдон. Тенисерката која само со 15 години и 122 дена стана најмладата учесничка на главниот турнир на неофицијалното Светско првенство, веќе е дел од третото коло.

Талентираната Гоф во првото коло направи вистинска сензација победувајќи ја повеќекратната гренд слем освојувачка Венус Вилијамс, а во второто коло без многу мака ја елиминираше и Магдалена Рибарикова со 6:3, 6:3 во сетови. Следниот предизвик на популарната Коко ќе биде Полона Херцог, која моментно е на 60-тото место на ВТА-листата.

Во третото коло, во женска конкуренција поминаа и Каролина Возњацки, Симона Халеп, Каролина Плишкова, Елена Свитолина, Викторија Азаренка…

Шампионката Анџелика Кербер денеска не би требало да има тешка задача во дуелот со Лорен Дејвис од САД, a седумкратната шампионка Серена Вилијамс за противничка ја има Каја Јуван од Словенија.

 

- Оглас -

Најнови вести