Балкански ремек-дела – Романец од Арад со ефектна бомба му парираше на „гипсарот“ Шала (Видео)

Арбер Шала постигна еврогол за Ренова на мечот против Шкупи во македонското првенство, а со слично ремек-дело му парираше Октавија Урсу, играч на УТА Арад во романското првенство.

Двете балкански фудбалски бомби комотно можат да парираат за награди, а изборот е ваш за тоа кој гол беше подобар.

Шала со страотен удар од над 30 метри го погоди аголот на голот на Шкупи и тој гол можете да го погледнете на видеото во временскиот исечок што почнува од 2.00 минути.

Урсу погоди од слична далечина, но ударот му беше откосо, а топката се заби ефектно во мрежата на Поли Јаши.

UTA Arad [2]-1 Poli Iasi – Ursu 61′ great goal from soccer

За жал на двајцата стрелци, нивните екипи загубија. Ренова доживеа пораз од 4:3 во Скопје против Шкупи, а УТА Арад загуби од Поли Јаши со 2:3 на домашен терен.

 

- Оглас -

Најнови вести