Балотели: Јуве не ме плаши, а уште помалку Роналдо

Бреша утре ќе го пречека италијанскиот првак Јувентус во рамките од петтото коло во Серија А, дуел на кој се очекува Марио Балотели да дебитира за новиот клуб. Токму Балотели ја вжешти атмосферата со провокативната изјава.

„Дали ме плаши тоа што ќе играм против Роналдо? Никако, не ме интересира колку е силен. Сите знаеме дека тој и Меси се најдобри на денешницата, ако не и на сите времиња, но јас ќе гледам да си ја завршам обврската, а тоа е да дадам гол и да ми тргне кариерата во Бреша како што треба. Во изминатиов период толку многу работев на мојата физичка подготвеност, што не се случило во последниве 10 години. Иако немам играно многу натпревари, се чувствувам подготвен“, истакна Балотели.

Во пресрет на мечот кој е закажан за 21 часот, Јувентус е на втората позиција со 10 бода, два помалку од лидерот Интер, додека Бреша има шест бода по четири кола и стои на 11-тото место во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести