Балотели не може да куртули, сега претседателот на Бреша го навреди на расна основа

Можеби и ненамерно, но и претседателот на Бреша, Масимо Челино, го навреди Марио Балотели на расна основа со изјава пред денешниот состанок на калчолигашите.

„Тој е црн. Што да ви кажам, се труди да ги надмине проблемите од минатото и се бори со испадите што го чинеа многу во кариерата. Има проблеми, тоа е сè што можам да ви кажам“, рече Челино.

Балотели не играше против Рома вчера, а на претходниот меч против Верона беше навредуван на расна основа.

Со солзи во очите, Марио го напушти теренот во Верона, а мечот за кусо беше прекинат по мајмунските крици од трибините, каде што беа сместени „хардкор“ навивачите на домашниот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести