Балотели обвинет за силување на малолетничка, се правда дека е обид за уценување

На Марио Балотели не му е првпат да е вмешан во некаков скандал за да се најде на насловните страници. Напаѓачот на Бреша овојпат направил голема глупост и е обвинет за силување на малотелничка додека бил член на Ница.

Наводниот скандал се случил во 2017 година, а според изјавата на Балотели која ја даде на полицијата, тој тврди дека девојката која тогаш имала 16 години му кажала дека е полнолетна. Неколку недели по инцидентот таа го побарала Балотели и сакала да закаже состанок со неговиот адвокат, а целта била да изнуди пари од италијанскиот фудбалер.

Откако Марио не се согласил да ја плати побараната сума од 100.000 евра, девојката одлучила да поднесе тужба против него. Воедно, Италијанецот тврди дека по иницијатива на девојката тие се сретнале уште двапати и дека ништо не правел со неа без нејзина дозвола.

Тужбата е поднесена во јануари 2018 година, а првото сослушување е на 24 март годинава, по кое ќе се разјаснат многу работи.

- Оглас -

Најнови вести