Балотели плаќаше казни, касиери беа Ричардс и Компани, а децата се радуваа на подароци од 120 илјади евра

Марио Балотели правеше глупости и постојано беше казнуван, а Мика Ричардс и Винсан Компани биле касиери и ги собирале парите за да се донираат пред новогодишните празници.

„Марио постојано доцнеше на тренинзите, правеше глупости и добиваше казни. Јас и Компани собравме 120 илјади евра, кои беа донирани во хумани цели пред новогодишните празници“, раскажува Мика Ричардс.

Ричардс и Балотели беа соиграчи три сезони, од 2010 до 2013 година, а поранешниот бек на Сити се пензионираше годинава на 31-годишна возраст.

Балотели не се смени многу и сега има проблеми во Бреша, а пред неполн месец беше избркан од тренинг од тренерот Фабио Гросо.

 

- Оглас -

Најнови вести