Балотели: Златан не ме пушташе да тренирам со првиот тим, но потоа…

Веќе стана популарно познати спортисти да си општат на социјалните мрежи, па тоа го сторија и Фабио Канаваро, екскапитенот на Италија, и Марио Балотели, напаѓачот на Бреша. Канаваро, кој е тренер на кинескиот Гвангжу Евергранд, сакал во тимот да го донесе мајсторот за зкандали Балотели.

„Ќе беше идеално за тебе да дојдеш во топ-тим од Азија, очите немаше да бидат вперени во тебе. Можеше да си ја вратиш радоста од фудбалот, но ти ги претпочиташе парите“, рече Канаваро и почна да се смее.

Балотели откри дека би играл за Наполи.

„Би се забавувал во Неапол. Ќерка ми навива за нив. Јас пејам Бреша, Бреша, но таа и понатаму упорно го поддржува Наполи. Беше многу среќна кога ја однесов на ‘Сан Паоло’. За мене, најубав стадион е ‘Сан Сиро’“, рече Бало.

Црномурниот фудбалер раскажа и за првите тренинзи со Златан Ибрахимовиќ во Интер, кога Марио имал 16 години.

„Еднаш во соблекувална ми кажа дека веќе нема да тренирам со првиот тим, не сум бил доволно добар. Но, потоа се сретнал со агентот Мино Рајола и му кажал да ме земе и да ми стане агент бидејќи сум бил подобар од него“, сподели Балотели, кој како младинец за Интер даде 28 гола на 86 настапи.

- Оглас -

Најнови вести