Баравме хет-трик во првото коло, Стерлинг испорача (видео)

Ѕвездата на Манчестер сити Рахим Стерлинг, е првиот фудбалер кој запиша хет-трик во првото коло од Премиер лигата по девет години чекање. На гостувањето кај Вест хем, актуелниот шампион триумфираше со 5-0 , а три гола беа дело на Англичанецот.

Тој е само осми играч кој успеал да оствари хет-трик во премиерното коло од најатрактивното првенство, пред него последно му успеа на Дидие Дрогба во 2010 година против ВБА.

Токму за ова говоревме вчера, иако се очекуваше од најквалитетните стрелци во Англија да испорачаат, сепак Стерлинг покажа дека е неприкосновен во шестнаесетникот. Првото коло сè уште не е комплетирано, така што можно е уште некој да му се придружи на Стерлинг во ова друштво.

https://www.youtube.com/watch?v=otTtnTmR6jI

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести