Барбара има супер финиш, Италија со гол во последен момент ја победи Австралија (Видео)

Барбара Бонансеа е вистинска хероина на Италија и со два гола донесе пресврт и стартна победа на Мундијалот за дами.

Вториот гол го постигна во последен момент во 95. минута, односно беше побрза од судијката  Борхас, која се подготвуваше да свири крај.

Претходно, во првото полувреме Австралија поведе со голот на Кер, која успеа да ја поправи грешката и ја смести топката во голот, по промашениот пенал.

Но, Австралија немаше решение за фудбалерката на Јувентус и Бонансеа им даде два гола за целосен пресврт и триумф на Италија во првиот меч за двете селекции на Мундијалот.

https://www.youtube.com/watch?v=JJd8T8pV-kA

Првиот гол на Бонансеа го прекина постот на Италијанките од неверојатни 7.287 дена без гол на оваа селекција на Мундијалите. Последниот гол пред денешниот меч Италијанките го постигнаа на 27. јуни 1999 година против Мексико.

Паузата од 7.287 денови меѓу два гола е најголема временска дистанца во историјата на женскиот фудбал, кога се работи за иста селекција.

 

 

- Оглас -

Најнови вести