Барди е локум во преодниот рок – И Селта Виго сака да го ангажира македонскиот репрезентативец

Енис Барди е привлечен за неколку познати европски клубови, не е премногу скап за екипи од Топ-5 лигите, а е еден од најдобрите играчи што играат во средниот ред во Шпанија, па интересот за него е голем.

Леванте, според шпанските медиуми, ќе бара отштета од околу 9 милиони евра, а во низата заинтересирани клубови се приклучи и Селта Виго.

Италијанскиот гигант Милан понудил отштета од пет милиони евра за Енис, а заинтересирани се и Реал Сосиедад, Бетис, Торино…

Договорот на Барди со Леванте завршува ова лето, а македонскиот репрезентативец остави одличен впечаток од 2017 година, кога потпиша за шпанскиот прволигаш.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести