Барди го продолжи договорот со Леванте до 2022 година

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и официјално го продолжи договорот со Леванте. Шпанскиот клуб знае дека не смее лесно да го испушти Барди, па затоа му ја продолжи соработката за уште две сезони, што значи дека ќе остане до 2022 година.

Барди ја игра втората сезона во Леванте. Во дебитантската година одигра блескаво и се промовираше во еден од најдобрите изведувачи на слободни удари. Само Лионел Меси даде повеќе голови од Барди директно од слободен удар во Примера дивисион.

И во тековната сезона Барди игра одлично и е еден од најдобрите во средниот ред.

„Многу сум среќен за годината која ја поминав тука и се надевам дека ќе имам уште многу такви години“, рече Барди по продолжувањето на договорот. Досега тој има одиграно 38 средби за Леванте во кои постигнал 10 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести