Барди и Леванте уште трагаат по првата победа во Ла Лига

Леванте со минимален пораз од 1-0 се враќа од гостувањето кај Реал Сосиедад во кој македонската ѕвезда Енис Барди како стартер одигра 65 минути.

Тимот од Валенсија влезе во лоша серија на стартот од сезоната, па по двете ремија против Кадис и Реал Мадрид, следуваше првото разочарување во шпанското првенство. По нешто повеќе од еден час игра, Барди му го отстапи местото на Моралес, додека голот кој ја направи разликата на мечот го постигна Беренеча во 42-та минута.

Прилика за Барди и Леванте да дојдат до првата овосезонска победа ќе имаат по репрезентативната пауза, кога на домашен терен ќе им гостуваат Рајо Валјекано и неговиот репрезентативен колега Столе Димитриевски.

Во меѓувреме Елче се избори за реми од 1-1 против Севилја, а минимален триумф од 1-0 запиша Атлетик Билбао на гости кај Селта Виго.

- Оглас -

Најнови вести