Барди не игра против Барселона, ќе пропушти специјален момент

Енис Барди нема да игра против Барселона на „Камп Ноу“ поради повреда на мускулот, а ќе пропушти и специјален момент и кам-бекот на Ансу Фати по 11 месеци пауза.

Бисерот на Барселона не е комплетно подготвен за цел меч по долгото отсуство, но според планот на Каталонците би требало да одигра 20-на минути во финишот на мечот со Леванте, утре од 16.15 часот.

Фати имаше многу проблеми со повредата на коленото, дури трипати беше на операција и нема играно фудбал од лани од октомври кога се повреди на дуелот меѓу Барселона и Бетис што го доби неговиот тим со 5:2.

Ансу кој има 18 години постави неколку рекорди и тој е најмладиот стрелец на гол во историјата на Барселона по погодокот против Осасуна во август 2019 година на возраст од 16 години и 304 дена.

Еден месец подоцна со гол и асистенција стана најмладиот фудбалер во историјата на Ла Лига со таков подвиг. Утре ќе го има кам-бекот во дресот на Барселона, екипа што е во криза и нема победа на три меча по ред.

 

- Оглас -

Најнови вести