Барди требаше да почне задутре со тренинзи, Леванте сепак ги откажа сите активности на неодредено време

Енис Барди и соиграчите ќе продолжат со индивидуални тренинзи на неодредено време, откако Леванте очекувано се откажа од намерата да се почне со тренинзи од понеделник.

Во Валенсија е жариштето на кризата со Коронавирусот во Шпанија, па клубот со соопштение објави дека нема да има никакви активности во следниот период.

На почетокот на кризата со опасниот вирус беше предвидено да се тренира од 23. март, но сега и тоа отпаѓа. Леванте нема ниту еден заразен од Коронавирус, за разлика од Валенсија, каде ситуацијата е посериозна и Гарај, Мангала и Гаја се заразени, а дополнително има и двајца вработени во клубот со симптоми на Коронавирус.

Последниот меч во Ла Лига се играше на 10. март помеѓу Еибар и Реал Сосиедад, на истиот датум Валенсија играше со Аталанта во Лигата на шампионите и оттогаш натпреварите во  лигите во Шпанија се прекинати.

- Оглас -

Најнови вести