Барса – Наполи ќе суди судијата од Ливерпул – Барса 4-0!

УЕФА ги одреди судиите за саботните осминафинални дуели од Лигата на шампионите, а интересно е дека на „Камп Ноу“ на дуелот Барселона – Наполи, правда ќе дели Турчинот Џунејт Чакир, арбитарот кој судеше и на меч на кој во Барса не сакаат да се сеќаваат. Чакир судеше лани на „Енфилд“ кога Ливерпул ја шокираше Барселона со 4-0 и се најде во финалето на ЛШ.

Сега и наполитанците се надеваат дека Чакир пак ќе биде малерозен за каталонците.

Чакир сезонава еднаш му судеше на Наполи, во победата од 4-0 против Генк во декември, во групната фаза од ЛШ. И неговите помошници и судиите во ВАР собата ќе бидат од Турција.

- Оглас -

Најнови вести