Барса се подготвува да заврти милијарда евра со следниот буџет

Барселона имаше еден од највредните и најголеми буџети во светот на спортот за сезоната 2018/19, која е при крај, а со следната пресметка шпанскиот гигант ќе има обрт од над една милијард,а што е светски рекорд во клупски рамки.

Планираниот буџет е една милијарда и 47 милиони евра, а за трошење од нив предвидени се една милијарда и 7 милиони евра. По оперативните трошоци ќе останат 40 милиони евра, но Барса ќе потроши дополнителни 26 милиони евра, па ќарот бруто ќе биде 14 милиони евра, а со платени даноци се планира клубот да биде во плус од 11 милиони евра за сезоната 2019/20.

Ова ако се оствари, ќе биде најголемиот буџет на еден клуб во светски рамки.

- Оглас -

Најнови вести