Барса за пет години потроши повеќе од една милијарда евра за трансфери

Барселона дефинитивно е клубот кој најмногу потроши на нови играчи во изминативе пет години. Шпанскиот првак со трансферот на Антоан Гриезман вчера беа исплатени 120 милиони евра на Атлетико Мадрид, ја надмина границата од една милијарда евра.

Ако се сметаат трансферите од изминативе пет години, Барса потроши повеќе од милијарда евра за играчи како Суарес, Кутињо, Дембеле, Ракитиќ, Френки Де јонг, Видал, Артур, Малком, Паулињо, но и многу други.

Зад Каталонците на листата најголеми потрошувачи се Манчестер сити. Англискиот првак за пет години потроши 996 милиони евра, додека зад нив се градските ривали Јунајтед со 890 милиони евра.

Во топ 10 клубовите кои најмногу трошеле на аквизиции е и Рома, а клубот од Рим е единстениот кој повеќе има заработено отколу потрошено за нови фудбалери.

Барселона 1,08 милијарди евра – 627 милиони евра

Манчестер сити 996 милиони евра – 280 милиони евра

Манчестер јунајтед 890 милиони евра – 275 милиони евра

Челзи 875 милиони евра – 723 милиони евра

Јувентус 868 милиони евра – 639 милиони евра

Атлетико Мадрид 800 милиони евра – 752 милиони евра

ПСЖ 773 милиони евра – 356 милиони евра

Реал Мадрид  755 милиони евра – 543 милиони евра

Ливерпул 714 милиони евра – 535 милиони евра

Рома 586 милиони евра – 602 милиони евра

- Оглас -

Најнови вести