Барселона договори големо засилување, ќе пристигне германски репрезентативец

Според најавите кои пристигнуваат, Барселона веќе го реализира првиот трансфер и тоа за следната сезона. Каталонскиот гигант треба да ја засили одбраната и тоа со доведување на германскиот репрезентативец Џонатан Тах.

Тах кој игра како стопер, ќе пристигне во Барселона како слободен играч затоа што во јуни 2025 година му истекува договорот на Баер Леверкузен, па Фармацевтите нема да добијат ниту едно евро од заминувањето на фудбалерот чија вредност се проценува на 30 милиони евра.

Шпанскиот новинар Карлос Монфорт уште пред неколку денови прв најави дека овој трансфер веќе е реалност и дека двете страни постигнале договор. Главен иницијатор за доаѓањето на Тах бил тренерот на Барселона, Германецот Ханси Флик.

„Џонатан Тах, германскиот стопер од Баер Леверкузен кој договор истекува на крајот од сезоната, се договори со Барселона. Овој 28-годишен играч беше на мета и на Интер и Јувентус“, пишува италијанскиот новинар Танкреди Палмари за Спортиталија.ит.

- Оглас -

Најнови вести