Барселона драстично ослабена пред гостувањето во Киев: Куман го изостави Меси!

Екипата на Барселона попладнево ќе тргне за Киев, каде што утре треба да ги одмери силите со Динамо Киев во рамките од четвртото коло во ЛШ.

За тој меч Каталонците ќе бидат драстично ослабени ако се знае дека Лионел Меси нема да биде дел од експедицијата која ќе атакува на нови бодови и осигурување пласман во нокаут-фазата. Изоставувањето на капитенот од екипата е поради што Меси не е во најдобра физичка форма и потребен му е одмор. Поради исти причини во Барселона ќе остане и Френки де Јонг.

„Ситуацијата за нас во ЛШ е прилично удобна, па затоа решивме Меси и Де Јонг да одморат и да бидат подготвени за следните предизвици“, потврди тренерот Куман.

- Оглас -

Најнови вести