Барселона е „бронзена“ на евролигашкиот фајнл-фор во Белград

Екипата на Барселона го освои бронзениот медал на фајнл-фор турнирот од Евролигата кој што се одржува во Белград.

Каталонците во мечот за третото место го победија Олимпијакос со 84:74, и со тоа дојдоа до утешен медал.

Иако немаше поголема предност во текот на целата средба, Барса го контролираше мечот и нападите на Грчкиот тим, кој немаше против одговор.

Никола Миротиќ со 19 поени го водеше шпанскиот тим до победата. Од 19 часот, во големото финале во „Штарк арена“ ќе се сретнат Анадолу Ефес и Реал Мадрид, по што ќе се стави крајот и на оваа сезона во Евролигата.

- Оглас -

Најнови вести