Барселона е европски првак во ракомет, полесно го доби финалето од полуфиналето

Барса по 13-ти пат во последните 35 години е европски шампион во ракомет за мажи. Каталонците ја вратија титулата во своите витрини, победувајќи го Фуксе Берлин во финалето со 37-34.

Каталонците имаа повеќе мака во полуфиналето со Алборг каде играа продолженија, отколку во финалето во кое во првото полувреме постигнаа 20 голови. Тимот од Берлин и лани беше поразен во финалето, тогаш од Магдебург. Фуксе не бил европску првак, и тоа неискуство беше решавачко.

Фраде со 7 гола, Јанц и Алеиш Гомес со по 6 гола, како и Нилсен со 14 одбрани, беа најдобри поединци кај Барса.

- Оглас -

Најнови вести