Барселона го елиминираше Леванте, но постави неславен рекорд

Екипата на Барселона се пласираше во четврт-финалето на шпанскиот куп и во денешната ждрепка го чека својот противник, но синоќа на реваншот од осминафиналето против Леванте иако Дембеле и Меси ја завршија работата против Барди и другарите, кај каталонскиот тим изостана помошта од „12-тиот играч“.

На трибините на „Камп ноу“ имаше само 42.838 гледачи, што е помалку од половина од капацитетот на најголемиот стадион во Европа. Веројатно и невообичаено студеното време придонесе многу навивачи на Барса да се откажат од гледање во живо на средбата со Леванте. Во досегашниот дел од сезоната, најмалку публика имаше против Алавес, 52.356 гледачи, но синоќа дојдоа десет илјади помалку од тогаш.

Тренерот Ернесто Валверде пред мечот постојано ја повикуваше публиката да дојде и да ги поддржи по негативата од 1-2 на првиот меч, но ништо. Во претходното коло, кога Барса играше со Културал Леонеса, имаше над 70.000 фанови на трибините. Барселона има серија од 22 поминати нокау-рунди во шпанскиот куп, што е нов рекорд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести