Барселона сака да го купи Жоао Педро од Челзи

Барселона е во потрага по нов напаѓач по емотивното заминување на Роберт Левандовски, а спортскиот директор Деко веќе ги направи првите чекори. Како што пренесуваат англиските медиуми, тој отпатувал во Лондон на состанок со агентот на напаѓачот на Челзи, Жоао Педро.

По четири години соработка, Роберт Левандовски со солзи се збогуваше од „Камп ноу“, оставајќи празнина во врвот на нападот која каталонскиот клуб мора да ја пополни. Иако во медиумите се споменуваа повеќе имиња, како Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид, неговата откупна клаузула од 150 милиони евра се покажа како превисока за финансиските можности на Барселона.

Поради тоа, спортскиот директор се насочи кон поевтини опции. Неговото патување во Лондон, каде што се сретна со претставници на бразилскиот напаѓач, ја врати надежта во клубот. Според достапните информации, играчот е отворен за преселба во Каталонија.

„Деко потврди контакти со страната на играчот, но нагласи дека преговорите меѓу клубовите сè уште не се започнати“, се наведува во извештаите на „Ел Чирингито“.
Иако Бразилецот е подготвен за трансфер, Челзи не планира лесно да се откаже од него, а се шпекулира дека трансферот би можел да изнесува меѓу 80 и 100 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести