Барселона го провоцираше Јувентус на „Твитер“, Старата дама веднаш возврати

Битката меѓу Јувентус и Барселона не заврши синоќа по последниот судиски свиреж на дуелот во Торино. Каталонците победија со 2:0, а денеска решија да го провоцираат италијанскиот првак преку социјалните мрежи. Во центарот на вниманието беа Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Барселона на својот твитер-профил објави фотографија од Меси, а коментарот беше: Мило ни е што можевме да го гледаме најдобриот фудбалер во светот на вашиот терен.

Веднаш потоа следуваше одговор од Јувентус. „Мора да сте гледале во погрешен речник. Најдобриот на сите времиња ќе ви го донесеме на „Камп ноу“, возвратија од Старата дама на „Твитер“.

 

- Оглас -

Најнови вести